Општина Аеродром и ЈП „Комунална хигиена“ ќе реализираат акција за собирање кабаст отпад почнувајќи од петок, 19 април до среда, 24 април.
Акцијата ќе ги опфати следниве локации:
- Паркот во Мичурин кај трафостаницата
- Улица „23 Октомври“ бр. 9
- ТЦ „Три бисери“ спроти кафеана „Пајтон“
- Улица „Коста Новаковиќ“ бр. 48
- Зад ТЦ „Бисер“ (зад зграда бр. 74)
- Улица „Јане Сандански“ бр. 65
- Улица „АСНОМ“ бр. 68 и 72 (стара Стела)
- Ново Лисиче – парк „Нинберг“
- Ново Лисиче ‒ ул. „АСНОМ“ бр. 158 во близина на градинката „Буба Мара“
- Реонски центар „Аеродорм“ во близина на КАМ маркет
- Населба Лисиче – кај трговскиот центар
- Улица „Тодор Чангов“ – автобуска постојка бр. 17 (претпоследна) меѓу улиците 44 и 48 (кошаркарско игралиште)
Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.
Општина Аеродром ги повикува граѓаните да го остават кабастиот отпад пред своите домови доколку живеат во куќа, или до најблискиот контејнер, по што екипите ќе го соберат отпадот.