Во Крива Паланка успешно реализирана еколошка акција во населбите Белево и Грамаѓе

Се реализираше и четвртата реонска еколошка акција „Чиста населба – Чиста Општина“ како дел од големата еколошка акција „Општина без смет за поубав свет“, овој пат во населбите Белево и Грамаѓе.

57155531_10156184593682196_6058205066412687360_n

Во оваа акција се спроведе собирање на отпадот во  околината на индустриската зона, м.в „пекља“, околина на „Кам маркет“ , околина на кланица и ЈП „Македонски шуми“, Пелагониски склад и Белевски дол.

Во собирањето на отпадот од јавни површини и од неуредени простори, зедоа учество над 70 учесници и тоа: вработени и ангажирани лица од Локалната самоуправа, здружението „Паланечки акцијаши“, млади еколошки тимови и триесетина доброволни поединци од овие населби, а голем број на граѓани индивидуално зедоа учество со чистење пред своите домови. Јавното претпријатие „Комуналец“ во акцијата се се вклучи со дел од вработените како и со механизација и возила за одвезување на отпадот.

57012612_10156184544382196_1338252152337858560_n

Акцијата ја одбележа една несекојдневна случка, имено во собирањето на сметот се вклучи куче без сопственик, кое собираше отпад заедно со учесниците во акцијата. Ова нешто покажа дека и животните знаат што не треба да и се прави на природата.

56947127_10156184587907196_4591140707359522816_n

Во акцијата се соберени 150 вреќи на отпад, како и отстранети се 30 м3 на градежен шут и разновиден кабаст отпад.

Се собираше и отпадот покрај  новиот пат  кон манастирот Св. Јоаким Осоговски  од каде се соберени 2м3 на отпад.

Ги известуваме граѓаните дека заради претседателските избори и Велигденските празници ќе има тринеделна  пауза во спроведување на оваа акција .

57057831_10156184587752196_8877845834901749760_n

Наредната реонска акција  ќе се спроведе на 12 мај во реоните на населбите Скрљава и Цонев рид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e