На денешниот прес, по повод спроведувањето на големата еколошка акција во општина Крива Паланка, градоначалникот Борјанчо Мицевски информираше за новата набавката и пристигнувањето на дваесет нови контејнери за потребите на ЈП Комуналец.
,,Покрај извршената вчерашна набавка на двете современи возила за собирање на смет, ЈП Комуналец во соработка со општината, продолжува да работи во делот на снабденост со контејнери и специјални садови-корпи за собирање на смет.
Имено,денес пристигнаа уште дваесет нови метални контејнери со зафатнина од 1.1 кубен метар,коишто ќе бидат надополнување на веќе набавените конејнери од претходната година. Заедно со вчерашната набавката на возилата за смет, добивмеи пет специјализирани садови за селективен отпад стакло и пластика, т.н „зелени стаклени ѕвона“, кои се набавени во соработка со компанијата ,,Пакомак“ и продолжуваме заеднички да работиме со ЈП Комуналец, со цел да се подобри хигиената во градот, ќе се олесни процесот на подигање на отпадот и да се унапреди услугата кон граѓаните што ЈП Комуналец ја испорачува, изјави Мицевски.
Новите садови се поставуваат на места предвидени согласно оперативните планови на претпријатието , во координација и соработка со стручните служби од општина Крива Паланка. Граѓаните треба правилно и умешно да ги користат и да ги чуваат новите садови за отпад, да не ги палат и да не фрлаат несоодветен отпад во нив, а на тој начин ќе имаме почист, уреден и убав град.
Да нагласиме дека градот веќе започна со разубавување на парковите и зелените површини поставувајќи го и новото забележливо дрвено возче со цвеќе, поставено во градскиот парк на кое граѓаните му се восхитуваат. Но, во најава се уште многу украсни декорации кои ќе го разубавуваат градот.
Контејнерите се поставени долж главната улица „Св.Јоаким Осоговски“, на следниве локации:
- на влез на сточен пазар
- позади противпожарната служба
- позади маркетот во центарот на градот
- на влез во зелен пазар и
- пред колективната станбена зграда во населба Грамаѓе
Контејнерите се поставени и во близина на голем број на угостителски објекти кои исто така имаат потреба од вакви садови заради ослободување од неповратната стаклена амбалажа.
Општината Крива Паланка ги повикува граѓаните да се ослободат од стаклото кое повеќе не го употребуваат,одлагајки го истото во овие садови.