Во Кр.Паланка се оддржа настан за партиципативно буџетирање во општините

Денес во општина Крива Паланка се оддржа јавен настан под наслов “Јавни лекции” на тема ,,Париципативно буџетирање во општините“, како дел од проектот ,,Мои пари, моја одговорност-Партиципативно буџетирање во општините во Македонија”, подрржан од УСАИД.

Проектот има за цел активно вклучување на граѓаните и организациите во процесот на донесување на буџетот на општината, зголемување на свеста на локалното население за влијанието на трошењето на општинските пари врз квалитетот на животот во заедницата, како и зголемување на кредибилитетот и ефикасноста на одлуките на локалните власти во врска со трошењето на јавните пари и подигање на свеста за потребата од транспарентност во врска со тоа.

60791568_657184414723414_4969973599008980992_n

На денешниот настан учествуваа претставници од локалната самоуправа, јавните установи, претставници од граѓанските здруженија, бизнис секторот, медиумите и останати чинители од локалната заедница, пред кои беше презентирано значењето на патиципативното буџетирање, начините и формите на партиципација, како и потребите од патиципативното буџетирање.

Проектот е спроведуван од страна на невладината организација Finance Think и општина Крива Паланка а во соработка со невладината ЕГРИ како регионален координатор на проектот за општините Крива Паланка, Куманово и Старо Нагоричане.

Презентер на денешниот јавен настан беше универзитетскиот професор на економскиот факултет во Скопје Борче Треноски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e