Следниот месец, јуни, стартуваат уписите во прва година во Средното стручно училиште „Марија Кири-Склодовска“ – Аеродром за претстојната учебна 2022/23 година.
Првото пријавување, за оние кои ќе одлучат да ги поднесат документите во училиштето, е на 16 јуни (12-19 часот) и на 17. јуни (7-19 часот).
Ќе има и електронски упис, преку апликацијата на МОН, а истиот ќе трае од 14 до 15 јуни.
За запишување потребни се следниве документи: пријава за упис која може да ја најдете на веб-страницата на МОН, оригинални свидетелства од шестто до деветто одделение, Извод од матичната книга на родените и освоени дипломи од државни и меѓународни натпревари.
„Марија Кири-Склодовска“ ги нуди следниве струки и профили:
Хемиско-технолошката стука ги нуди профилите: хемиски-лабораториски техничар, техничар за козметички и хемиски производи и техничар за заштита на животната средина.
Здравствената струка ги нуди профилите: фармацевтски техничар, медицински лабораториски-санитарен техничар, болничар-негувател и техничар за очна оптика.
Надлежните ги покануваат сите деветтоодделенци да го направат својот избор од стручните профили кои ги нуди училиштето и, во професионална, опремена и пријатна атмосфера, да го продолжат своето средно образование кое ќе им ги отвори можностите за идната образовна и професионална определба.