Во Полициската станица Кавадарци вчера во 14:30 часот било пријавено дека истиот ден околу 9 часот во нива во с.Чичево-o.Градско на место викано „Подколец“ М.В.(47) од Косово, кој работел како најмен овчар се обидел да изврши обљуба врз 16 годишен малолетник, но малолетникот успеал да избега. Осомничениот бил приведен во полициска станица, известен е Јавен обвинител и се превземаат мерки за расчистување на случајот.