На 21.02.2020 во 12:10 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Љубојно“ во Битола биле пронајдени три стари нексплодирани артилериски гранати кал.75 мм од Прва Светска Војна.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола, а од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истите се безбедно подигнати од местото на настанот.