Кривични пријави за четворица за високи раководители на „Злетовица“. Меѓу осомничените има двајца директори, раководител и рударски инженер. Сите нив, полицијата ги сомничи дека хидросистемот го оштетиле за 1,5 милиони денари, пренесе регионалната ТВ Стар.
Се почнало, кога инженерот направил сообраќајна незгода со службеното возило, кое го возел без одобрение и патен налог. Останатите тројца, иако требало, несреќата не ја пријавиле, со што презеле одговорност за штетата на возилото, која се проценува на 1,5 милиони денари.
Сите четворица се со пријави за злоупотреба на службената положба и овластување.