(ВИДЕО) Затвориле жена во казан за варење храна во студентски во Охрид

Жена била затворена во казан за варење храна во Студентскиот дом во Охрид, а полицијата не сакала да го пријави настанот по наредба на тогашниот прв човек во СВР Охрид, Стефан Буџакоски, чиј пријател бил насилникот. Ова е еден од случаите што стојат забележани во дебелото досие на полицаецот од Охрид, Стевче Стевоски за Макфакс вели дека немало да имаат епилог ако не се трудел од петни жили да се дознае вистината.

Инцидентот се случил во август 2007 година. Оштетената и нејзиниот сопруг биле избркани од полициската станица кога дошле да пријават. Случајот ќе бил прикриен доколку полицаецот Стевоски не поднел пријава. Стевоски и за овој случај бил даден на дисциплинска, а подоцна бил и казнет оти, како што вели, го привел насилникот и со тоа не ја почитувал наредбата од Буџакоски. По пријавата од Стевоски, Буџакоски бил разрешен од функцијата. И покрај работењето спротивно на законот, за што Стевоски вели дека има докази, Буџакоски бил поставен за прв човек во внатрешната контрола, висока функција во СВР Охрид, каде што работи и сега, по промената на власта.

Сторијата на Макфакс во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e