Кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски со нова скандалозна изјава со која повторно покажува дека ако биде избран нема да се грижи за сите и нема да биде градоначалник за сите. Тој во вчерашното издание на „Само вистина“ ја објаснуваше скандалозната изјава за тоа дека нема да прави ништо за Пржино и Црниче, туку вложувањата ќе бидат најмногу за Припор и Драчево кои ќе донесат најмногу гласови. Тој вчера рече дека 5% од гласачите нема да гласаат за кандидатите за една од двете партии што и да им направиш, па и да им ја исечеш раката.