(ВИДЕО) Стоилковски: Спортот ќе биде еден од главните приоритети на новата локална власт во Кр.Паланка

Изјава за медиуми

Оливер Стоилковски, кандидат за советник од листата на СДСМ и коалицијата во Крива Паланка

03.10.2017г

 

Почитувани сограѓани,

Правилниот раст и развој е од исклучително значење за да имаме здрави деца,   способни, позитивни и попродуктивни млади.

Податоците од систематските прегледи во Крива Паланка покажуваат дека дури 70% од дечињата на возраст од 12-15 години се со деформитет во развојот, И ТОА Е АЛАРМАНТНО!

Почитувани,

По промената на локалната власт, спортот ќе биде еден од главните приоритети.

Воведуваме наставник по физичко воспитување уште од 1-во одделение, со што на учениците ќе им се овозможи рано совладување на базични спортски вештини и добра координација на движење.

Ќе формираме фонд за спорт кој ќе овозможи сигурна егзистенција на спортските клубови, а средствата ќе се распределуваат со учество на спортските работници и согласно реалните потреби на секој клуб. На спортските клубови ќе им овозможиме да ги користат сите спортски објекти бесплатно.

Ќе ги стимулираме и компаниите дополнително да вложуваат за да ја зголемиме и општествената одговорност но и клубовите да добијат повеќе средства за развој. Со тоа ги ослободуваме и родителите од трошоците кои тие ги плаќаат за патување на нивните деца на натпреварите надвор од градот.

Општината во соработка со невладините организации и спортски клубови ќе стимулира и развој на рекреативниот спорт за да овозможиме повеќе луѓе да се вклучат во спортски активности за да добиеме здрави и продуктивни граѓани.

Ќе имаме и отворени спортски денови за сите.

Драги сограѓани,

Ние го сакаме спортот и живееме со спортот. Сакаме и млади и успешни луѓе да бидат дел од нашето секојдневие и силно веруваме дека само здрави и спортски активни луѓе можат да придонесат за забрзан развој на градот.

Затоа бараме поддршка за промени. За здрави и способни млади луѓе, активни учесници и креатори на општествениот развој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e