(ВИДЕО) Стоилковски: Почит кон борците од Народноослободителната војна

Изјава за медиуми

Оливер Стоилковски, кандидат за советник од СДСМ и коалицијата во Крива Паланка

10.10.2017г

 

Почитувани сограѓани,

Ние ја живееме слободата за која пожртвувано се бореа и се изборија храбрите борци во Народноослободителната и антифашистичка борба,  и затоа се грижиме и за историјата и за иднината. Упатуваме благодарност кон оние кои го дале животот за слободна Македонија.

По тој повод, денеска во очи на празникот, локалниот клуб на социјалдемократската младина организираше традиционална акција за чистење на спомениците.

Овие борци за слобода во последно време како некако да беа подзаборавени како вредност во нашата историја.

Потребата од зачувување на овие вредности е исклучиетелно важна за да се потсетуваме на оние кои го дале животот за ние да живееме во слободна Македонија, и со тоа да го оддржуваме мирот и стабилноста за сите нас, но и за идните поколенија.

Драги сограѓани,

Секоја генерација има своја борба. Останува борбата за правото на слободно изразување и право на избор онаков како што сите го заслужуваме, без притисоци, закани  или уцени.

Правото на слободен говор и слобода на јавно изразено мислење е фундаментално право на секој човек. Со промените на централната власт го започнавме процесот на враќање на демократијата во државата.

Ве повикувам,  на 15 Октомври да излеземе масовно и да дадеме поддршка за бројот 19, за да обезбедиме слобода  и демократија и на локално ниво.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e