Изјава за медиуми
Почитувани,
Здравјето на луѓето нема цена. Сите ние заслужуваме да живееме во чиста животна средина, да дишеме чист воздух и пиеме и употребуваме чиста и здрава вода. Тоа се основните потреби за водењето здрав живот.
Иако нашите сограѓани плаќаат високи сметки за вода и комунални услуги, на многу места, посебно во приградските средини недостасуваат контејнери, повеќето улици воопшто не се чистат од страна на надлежните.
Тоа ќе го смениме. Поставуваме нови контејнери онаму каде што нема. Се обврзуваме, постојано и навремено да ги оддржуваме депониите и каналите, а ќе ја дислоцираме и градската депонија.
Почитувани сограѓани,
Ние ги знаеме проблемите и потребите на граѓаните и за нив нудиме решенија.
Гасификацијата е еден од приоритетите за кои се обврзуваме дека ќе го реализираме, за поевтини трошоци за граѓаните но и за чиста животна средина и чист воздух за сите.
Ќе направиме замена на азбесните цевки за да добиеме здрава и чиста вода за пиење.
Ќе направиме и пречистителна станица за отпадни води за да добиеме чиста почва а со тоа чиста и здрава храна.
Затоа, ја бараме вашата поддршка за да ги реализираме сите овие проекти кои ќе значат здрав живот за секој наш граѓанин.
ЗА ЖИВОТ ВО КРИВА ПАЛАНКА ЗА СИТЕ!