(ВИДЕО) Павловска: Ќе покажеме особен интерес за културата во Крива Паланка

Изјава за медиуми,

Изабела Павловска, носител на советничката листа на СДСМ во Крива Паланка.

06.10.2017

Културата како обележје на еден човек, група или нација е битен елемент во нашето секојдневие кое треба да се негува. Таа има важно значење во градењето на свеста и вкусот на поединецот, но исто така има и огромна улога во градењето на неговиот карактер.

Ќе покажеме особен интерес за нејзиниот понатамошен развој. Нема да дозволиме никој да ги нарушува нашите културни вредности туку силно ќе ги браниме и промовираме.

Сите досегашни манифестации ќе ги продолжиме и ќе ги надополниме со уште поинтересни содржини за граѓаните.

Ќе формираме и младински културен центар каде младите ќе имаат можност да учат но и да творат, збогатувајки го на тој начин нашето културно наследство.

Ќе ја промовираме и нашата историја и нашите обичаи, за Крива Паланка да биде препознаена и како туристичка дестинација но и за да се потсетуваме кои сме и од каде потекнуваме.

Почитувани,

Еден познат американски борец за човекови права рекол: Луѓето без познавање на својата историја, потекло и култура се како дрво без корен. Кога и да е ќе пресуши и ќе остави една голема празнина. Така е и со нацијата.

Да си ја зачуваме културата и културните вредности и да ја негуваме затоа што од неа ќе зависи какво наследство ќе оставиме на идните генрации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e