(ВИДЕО) Николовски: Со срце за Кр.Паланка – Реконструкција на стариот пат кон манастирот Св. Јоаким Осоговски

-Преку програмата за рурален развој на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој се реконструира патот до нашето најбогато културно – историско наследство и најголем промотор на Крива Паланка, манастирот “Св. Јоаким Осоговски “, со комплетно нов слој асфалт во должина од 2.77км, во износ од 13.498.598,00 денари, напиша на Фејсбук генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и сподели видео.

Овие средства беа обезбедени во јуни минатата година преку министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кога токму Николовски беше министер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e