Полека пред почетокот на официјалната кампања кандидатите забрзано остваруваат средба со граѓани од различни групи и здруженија. Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски оствари средба со фудбалскиот клуб Волково.
“ФК Волково 64 е без поддршка од локалната власт. Дониравме мрежи, фудбалски топки и чуњеви, скромно, но со искрени намери и цврста заложба за континуирана поддршка за клубот. Спортот приоритет број 1”, изјави Наумовски.
Посетатата на населбата Волково ја заврши во дружба на кинолошкиот клуб на македонското овчарското куче Караман и средба со претседателот на здружението Илија Каров, кој изјави дека се пред признавање на расата од страна на меѓународниот кинолошки сојуз и дека Македонија за прв пат ќе има призната автохтона раса која ќе биде карактеристична само за Р. Македонија. Досега Македонија како интернационална призната раса го има шарпланинецот, но тој исто така е призната раса и на Албанија и Србија.
“Поддршка за Караман, македонското овчарско куче и на иницијаторите за регистрација на оваа раса како автохтона пред Меѓународниот Кинолошки Сојуз.
Најмногу одгледувачи на оваа раса има во општина Ѓорче Петров, во Волково, Стопански Двор и Кучково. Оваа платформа за ревитализација и презервација на расата е започната од наши сограѓани, ѓорчепетровци. наставниците Влатко и Марјан Костовски. Општината ќе ги обезбеди сите предуслови и услови за развој и промоција на Караманот како заштитен знак на Ѓорче Петров”, вели Наумовски.