Денеска, во спортската сала во Крива Паланка, Бранители 2001, се оддржа обука за млади лидери кои преку спортот треба да се борат за инклузија на младите луѓе.
Ова беше прва работилница за младите лидери а најавена е уште една која треба да се оддржи некаде накај средината на месец Јуни додека пред тоа ќе се уредува игралиштето на ученичкиот дом “Боро Менков”.
Проектот се спроведува од страна на невладината организација ТАКТ од Скопје заедно со спортските работници од Крива Паланка. Партнер во проектот е и самата општина Крива Паланка додека финансиите се обезбедени од Германската фондација за развој и соработка – ГИС.