(ВИДЕО) Младеновска: Ова се нашите проекти за граѓаните од централното градско подрачје

Изјава за медиуми,

Емилија Младеновска, кандидат за советник во советот на Општина Крива Паланка од СДСМ и коалицијата

 

Почитувани сограѓани !

Ја  бараме вашата доверба за поквалитетен живот за граѓаните од центарот на градот

Нашиот план  предвидува:

    • решавање на сообраќајниот хаос преку изградба на паркинг простор на неколку локации
    • модерно детско игралиште
    • атмосферска канализација на улица Никола Тесла и реконструкција на мини паркчето кон населба маневци

  • нови контејнери
  • потпорна стена и асфалтирање на патот над кадиска чешма
  • пешачка патека на потегот Стара Вада – Маневци
  • редовно чистење на долот покрај улица Прохор Пчински и редовно чистење на коритото на Дурачка Река
  • реконструкција на Кадиска чешма
  • изградба на нов градски плоштад и парк со подземна сообраќајница и паркинг простор.

Драги сограѓани,

Само вие и никој друг одлучувате во каква Крива Паланка сакате да живеете. Да ставиме крај на лошата политика која од Крива Паланка направи изолирана и безперспективна општина,  и да се избориме за нова, чесна и одговорна локална власт која ќе работи во итнерес на секој наш граѓанин.

Ве повикуваме во Недела, на 15 Октомври масовно да излеземе и да гласаме за бројот 19, за нашиот кандидат Борјанчо Мицевски и советничката листа на СДСМ и коалицијата, за да обезбедиме  ЖИВОТ ВО КРИВА ПАЛАНКА ЗА СИТЕ!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e