(ВИДЕО) Мицевски: Ветувам дека ќе се грижам за сите граѓани на Крива Паланка

Изјава за медиуми

Борјанчо Мицевски, избран градоначалник на Крива Паланка

17.10.2017г

 

Почитувани сограѓани, успеавме!

Успеавме со вас и пред се заради вас, за да обезбедиме живот за сите!

Ви благодариме за одважноста, да ја вратиме демократијата во Република Македонија, вклучително и во Крива Паланка.

Ви ја честитаме победата, вам,  но и на сите граѓани на Македонија, победа со која СДСМ и коалицијата ќе ги заокружат промените во целата држава.

Не заборавајте дека 15 октомври е празник на демократијата и пример за мирно, слободно и достоинствено изразување на правото на глас на секој граѓанин на државата, но и ние нема да зоравиме дека остварувањето на вашите права ќе биде наша обврска и одговорност.


Почитувани,

Вака изгледа Крива Паланка кога се гласа без притисоци, слободно и демократски.

Изразуваме благодарност пред се до сите граѓани, но  и до сите институции кои што овозможија слободни и демократски избори.

Благодарение на вашиот ангажман Крива Паланка и севкупно Македонија се гордее со овој величествен демократски ден!

Драги сограѓани,

Граѓаните покажаа колку се важни локалните самоуправи и општините.

Обврската сега ни е уште поголема да обезбедиме Живот за сите!

Најавивме ново време на одговорна, отчетна и транспарентна власт.

Како градоначник на Крива Паланка, ветувам дека ќе се грижам за сите граѓани без разлика на нивната верска, национална, политичка етничка припадност. Верувам во вас и верувам во мојот тим, верувам дека заеднички ќе се избориме за просперитетна и европска Крива Паланка за сите да живеат еднакво и достоинствено.

Почитувани кривопанчани,

Ве уверувам, ќе обезбедиме живот во Крива Паланка за сите. Тоа беше и ќе биде наша заедничка цел!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e