(ВИДЕО) Мицевски: Транспарентни и одговорни институции во служба на граѓаните!

Изјава за медиуми

Борјанчо Мицевски, кандидат за градоначалник на Крива Паланка
05.10.2017г

Почитувани сограѓани,

Секој граѓанин без разлика на својата верска, етничка, национална, политичка или било каква припадност треба да има право и можност навремено и квалитетно да си ја заврши својата работа во институцијата која тој впрочем и ја плаќа.

Силно верувам и ќе се залагам инситуциите да бидат сервис на граѓаните а не обратно.

Со промените кои се случија после парламентарните избори од 11 Декември го започнавме процесот на промоција на концептот на отворена и услужна општина за сите, општина која нуди навремени, квалитетни и ефтини услуги,  бидејки граѓаните тоа и го заслужуваат.

Го продолживме работното време на институциите за да можете навремено и без притисок да си го завршите она што ви е неопходно. Ги олеснуваме и процедурите за добивање на најразлични документи и одобренија што ви се потребни.

Драги сограѓани,

После 15 Октомври, веќе нема да ви треба некој познаник или врска за да ја завршите вашата работа.

Ќе воведеме ИСО стандарди за професионализаија на општинската администрација, стандарди кои ќе осигураат квалитет на обострано задоволство, и на граѓаните и на административците.

Нашето мото е задоволен работник – зголемена продуктивност. Ќе воведеме систем на мотивација за вработените за дополнително  да се зголеми квалитетот на услугата .

Едношалтерскот систем ќе функционира онака како што му е и намената.

Ќе отвориме канцеларија “Мој адинистратор” која ќе нуди информации за административните процедури и ќе помага во пополнување на документите за граѓаните да можат без проблем да ги завршат своите потреби.

Ќе го регулираме статусот и ќе ја зајакнеме и улогата на месната заедница за полесно да ги пренесете вашите идеи и проблеми за кои ние ќе бараме решение.

Почитувани сограѓани,

Се наоѓаме некаде на околу десетина дена до изборите на 15 Октомври. Имате историската шанса да направате промени кон подобар живот за сите.

Да дадеме шанса на оваа млада екипа да донесе светло во вашите животи!

ЗА ЖИВОТ ВО КРИВА ПАЛАНКА ЗА СИТЕ!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e