(ВИДЕО) Мицевски: Обезбедуваме здрава и сигурна иднина за сите!

Изјава за медиуми

Борјанчо Мицевски, кандидат за градоначалник на Крива Паланка
27.09.2017г

Почитувани сограѓани,

Како иден градоначалник еден од моите приоритети ќе биде залагање за заштита на животната средина и рационално искористување на водата за пиење.

Отпадните води кои директно се испуштаат во Крива Река го загрозуваат животинскиот и растителниот свет, а со наводнувањето на плодните површини се врши деградација на почвата и бонитетот  на земјоделските производи. Тоа пак директно влијае на здравјето на граѓаните.

Во мојот мандат предвидувам изградба на Пречистителна станица за отпадни води.

Сега е вистинскиот момент за една капитална инвестиција која ќе има значајна улога во заштитатa на животната средина.

Ќе извршиме дислокација на веќе исполнетиот капацитет на градската депонија од с.Конопница, со што ќе се спречи загадувањето на анбиенталниот воздух и водите на Крива Река.

Сите нови градби ќе бидат по европски стандарди и со енергетско ефикасни фасади.

Почитувани,

ќе обезбедиме еднакви услови за сите граѓани!

Ќе се постават контејнери за смет во поголемите рурални средини. Јавното комунално претпријатие ќе биде во служба на граѓаните од сите населени места.

Ќе инвестираме во нови паркови и зелени површини, во забавни катчиња за најмладите. Ќе направиме целосна замена на азбесните цевки и ќе вршиме редовна и квалитетна контрола на квалитетот на водата за пиење.

Обезбедуваме здрава и сигурна иднина!

ОБЕЗБЕДУВАМЕ ЖИВОТ ВО КРИВА ПАЛАНКА ЗА СИТЕ!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e