Изјава за медиуми
Почитувани сограѓани,
Влегуваме во последната недела од кампањата. Пред нас се историски важни избори од кои зависи иднината на Крива Паланка и нејзините граѓани.
Вчерашниот историски митинг во Скопје, покажа дека граѓаните бараат промени и на локално ниво.
Почитувани,
Гласот во недела е исклучително важен бидејки на Крива Паланка и се потребни промени. Промени кои ќе донесат просперитет и благосостојба за сите граѓани. Промени за поквалитетен живот, но пред се промени за да ги задржиме и вратиме младите тука со нас и да обезбедиме вработувања и пристојни плати за сите.
Почитувани граѓани на Крива Паланка,
Само од вас и од никој друг зависи во каква општина сакате да живеете. Да им ставиме крај на локалните шерифи и осомничени криминалци алчни по пари. Да ставиме крај на ароганцијата и самобендисаноста. Да се избориме за нова чесна и одговорна локална власт која ќе работи во интерес на секој наш граѓанин.
Ве повикувам во недела на 15 октомври масовно да излеземе и да гласаме за бројот 19, за концептот за живот во Крива Паланка за сите!