Кажавте убави зборови за мене и сметам дека со тоа ми отворате простор и за втор мандат. Вака кандидатот за градоначалник на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски го започна говорот во преполната сала во Центар за Култура – Крива Паланка.
Мицевски зборуваше и за причините зошто се нафатил да биде кандидат за градоначалник, за неговите два пресврти во животот за време на распадот на Југославија и за трагичните настани од поплавите што ја зафати Македонија кога тој загуби блиски пријатели.
Како причини за кандидирањето тој вели: Потекнувам од вас и припаѓам на вас, зошто маките на моето семејство се и ваши маки. Во изминативе десет години имавме борба за слобода и минавме низ многу патешествија, припаѓам меѓу вас и нема да говорам од повисоко туку сакам да бидам рамо до рамо со вас и тоа ќе биде и мојот пристап во мојата работа како градоначалник. Ќе бидам меѓу вас а мојата кабинетска просторија нема да биде затворена за вас. Сум бил човек од народот и ќе останам со народот. Верувам ќе ја прифатите мојата рака на соработка и чесност и да генерираме нови успеси и за Крива Паланка и за Македонија.
На средбата присуствуваше и се обрати пред публиката и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, за кого Мицевски нагласи дека е влијателен човек во централната власт кој заедно со него ќе помогне во засилен економски развој на општината.
Погледнете го во целост говорот на Борјанчо Мицевски во преполната сала во Центарот за култура – Крива Паланка.