Кризата предизвикана од пандемијата со корона, не ги попречи капиталните инвестиции, изјави на прес-конференцијата на ОО СДСМ Радовиш, Коле Чаракчиев кандидат за Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.
„Спротивно на тоа, капиталните проекти продолжија со изведба и тоа со забрзана динамика.
Инвестираме во инфраструктура и ги менуваме застарените и дотраени објекти со нови кои овозможуваат подобри перформанси. Градиме за да ни се развиваат селата“, посочи Чаракчиев.
Чаракчиев нагласи дека продолжуваат градежните активности за подобрување на енергетската ефикасност на зградата на основното училиште „Орце Николов“ во село Ињево, како дел од проектот „3Еm“ финансиран од програмата за прекугранична соработка со Грција.
„Имаме цел да развиеме целосно функционален систем за енергетска ефикасност во основното училиште со имплементирање на нов систем за греење, нова термофасада со нови врати и прозорци како и реконструкција на дел од кровната конструкција.
Проектот е финансиран од ЕУ преку ИПА фондовите“, потенцираше Чаракчиев.