Знаењето од економијата ќе го искористам во насока на креирање на локалните политики, обезбедувајќи подобра бизнис клима за подигнување на животниот стандард на граѓаните на Карпош. Со чесност и прогресивни идеи може да одиме напред, изјави кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев, во мини разговор во емисијата “Утринска на Телма”.
Богоев зборува за тоа зошто како економист не се решил да се вработи или да основа компанија туку се одлучил за поинаков пат, наведувајки дека како економистите може да се најдат во повеќе сектори.
“Економистите можат да се пронајдат во приватниот сектор, но може да се пронајдат и во државниот сектор. Јас сум одлучил да одам во државниот сектор, дури има и млади кои можат целото нивно искуство и знаење од областа на економијата да ја применат и на локално ниво и на тој начин да им помогнат на своите сограѓани во градење на подобро општество, подобра држава или подобра општина во одредени случаеви за сите”, изјави Богоев.