(ВИДЕО) Богоев: Ќе воведеме картичка “Мој Карпош” со кој граѓаните ќе добиваат попусти

Денес сме овде помеѓу стопанствениците и дуќанџиите во трговскиот центар Лептокарија. Заедно со мојот тим и кандидатите за советници правиме посети, се залагаме и пред дуќанџиите и пред граѓаните дека планираме парите да ги вратиме назад кон граѓаните и да го заживееме локалниот економски развој, изјави Стефан Богоев, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од редовите на СДСМ и коалицијата.

Богоев најави проект насловен како “Мој Карпош”, кој предвидува секој граѓанин на општината да добие бесплатна картичка за попуст доколку пазарува на територија на Општина Карпош. На тој начин, вели Богоев бенефит ќе имаат и граѓаните и фирмите а парите ќе останат во општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e