Денеска Стефан Богоев, кандидатот за градоначалник на Општина Карпош, делеше рекламни материјали и разговараше со граѓаните од општината, кои му посочија дека имаат проблем со водата која се собира пред влезовие на стамбените згради.
“Не може после краток дожд општината да се поплавува, пристапот до влезовите да е отежнат.
Подобрувањето на инфраструктурата ќе биде по план, во интерес на граѓаните.
Благодарам за топлиот прием во Тафталиџе и Карпош 3.
Тука сум да ги слушнам Вашите проблеми и поплаки, заедно ќе живееме подобро во Карпош”, изјави Богоев.