Вчера во 14.00 часот на улица „Ката Поцкова’’ во Струмица велосипед удрил во пешак Ц. Т. (68) од Струмица, по што велосипедистот го напуштил местото на незгодата.
Ц.Т. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.