Утре, понеделник, од 9 до 17:30 часот ќе се оддржи голема крводарителска акција на Општина Карпош и Црвен Крст, најави градоначалникот на општината, Стефан Богоев.
Крводарителската акција ќе се оддржи на два пункта и тоа:
- Спортска сала на ООУ “Лазо Трповски” во Карпош 3.
- Мост “Влајко” во Влае
“Да бидеме хумани за нашите сограѓани на кои сме им најпотребни”, напиша Богоев на неговиот Фејсбук профил.