Здружението на професорите по француски јазик (ЗПФРМ) во соработка со Францускиот институт при Француската амбасада во Скопје и со поддршка на Националната комисија за Франкофонија, ги организира натпреварите за деветто одделение по француски јазик Олимпијади на кој може да учествуваат учениците од деветто одделение. Натпреварот за деветто одделение по француски јазик се состои од писмен и устен дел односно писмено разбирање, усно разбирање, граматички тест, писмено изразување и усно изразување.
На регионалниот натпревар за деветто одделение Олимпијади може да учествуваат учениците од деветто одделение кои го изучуваат францускиот јазик како втор странски јазик од регионот кој ги опфаќа градовите Куманово, Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Пробиштип и Општина Ранковце.
На 12 април 2019 година во просториите на СОУ “Гоце Делчев” во Куманово, се одржа регионалниот натпревар по француски јазик за деветто одделение Олимпијади, на кој учествуваа четири ученици од ООУ “Јоаким Крчовски” од Крива Паланка од деветто одделение: Лина Рангелова, Андријана Илиевска, Мими Јакимовска и Петар Николовски под менторство на наставничката по француски јазик, Елена Николовска при што постигнаа солидни резултати и тоа:
Второ место – Лина Рангелова IX – 1 одд,
Трето место – Андријана Илиевска IX – 1 одд,
Петто место – Мими Јакимовска IX – 4 одд и
Шесто место – Петар Николовски IX – 1 одд.
Сите ученици од ООУ “Јоаким Крчовски” од Крива Паланка, учесници на натпреварот се пласираа на државниот натпревар кој ќе се одржи на 12 мај 2019 година на Филилошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје.