Уценувал 18-годишна девојка дека ќе објави нејзини фотографии, ако не му даде 400 евра

Осумнаесетгодишна девојка од гостиварското село Добри Дол, вчера во полициската станица Гостивар пријавила тетовец дека ја уценувал.

Од тетовската полиција информираат дека девојката подолг период се соочувала со заканите и уцените на 20-годишен тетовец, кој преку пораки и телефонски повици од неа барал 400 евра, во спротивно ќе објавел нејзини фотографии. Фотографиите со кои девојката била уценувана наводно биле преземени од социјалните мрежи. Според девојката, тетовецот инсистирал да се видат и вршел притисок.

По пријавувањето, од полицијата велат го открила идентитетот на уценувачот и најавува дека ќе биде повикан на разговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e