Убиство во Арачиново: Ја усмртил сопругата и избегал, но полицијата го пронашла

Во Полициското одделение Арачиново вчера во 12.45 часот било пријавено дека во село Арачиново, во семејниот дом, А.Н.(40) ја усмртил својата сопруга Б.Н.(36), по што го напуштил местото на настанот.

По преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје, А.Н. бил пронајден и лишен од слобода во полициска станица, а кај него бил пронајден и пиштол. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e