Уапсен 57-годишнен тетовец – нелегално снимал и вознемирувал 18-годишна девојка

Педесет и седумгодишен тетовец е лишен од слобода поради тоа што долг период вознемирувал 18-годишна девојка. Тој ја следел и ја снимал со мобилен телефон

Според информациите од полицијата, завчера околу 12:10 часот на улицата „Јадранска“, полициски службеници го уапсиле Е.И. (57), постапувајќи по претходна пријава од оштетената. Во пријавата било наведено дека мажот континуирано ја следел девојката, ја вознемирувал и ја снимал без нејзина согласност.

Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e