СВР Охрид поднесе известување до Основното јавно обвинителство Охрид за 16- годишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, како и за 14- годишник од Охрид за сторено кривично дело „уцена“.
-На првопријавениот од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена откако, претходно полициски службеници од СВР Охрид го пронајдоа и го лишија од слобода. Тој на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12- годишно девојче од Охрид, додека друг малолетник снимал. Второпријавениот, откако го добил снименото видео, на 20.11.2025 ја уценувал малолетничката да имаат сексуален однос, а доколку одбие и рекол дека ќе го објави видеото, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, со неа како и со двете пријавени лица, извршија службени разговори, по што е поднесено известување до надлежното обвинителство.
