Трактор паднал во бездна во Тетово

Во СВР Тетово, вчера околи 15 часот, Х.М.(20) од село Долно Палчиште, тетовско пријавил дека во 14:30 часот на локален пат село Новак-село Јеловјане,тетовско, трактор марка “ИМТ 540“, без регистарски ознаки, управуван од Х.М.(43) од село Долно Палчиште излетал од патот и паднал во бездна длабока околу 30 метри, при што во незгодата возачот на тракторот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на месттото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e