Трагедија во Скопје, момче загина во пожар во дуќан за мопеди

Момче, за кое првичните информации велат дека бил вработен во дуќанот за мопеди, загина во пожарот кој избувна во објектот на улицата „Јордан Мијалков“ зад трговскиот центар Рамстор. Причините засега не се утврдени, но најверојатно се работи за пожар настанат од плинска боца. Противпожарната бригата интервенирала со 22 пожарникари и неколку возила, а со брзата интервенција успеале да спречат ширење на пожарот во соседните објекти. Увид на местото на несреќата извршила екипа на крим техника, по што ќе бидат познати и причините поради кои се запалил дуќанот.

„Причините од она што ние можевме да го видиме на лице место, најдовме две плински боци кои најверојатно биле користени за греење. Едната беше целосно оштетена, постоеше дури опасност од нејзина експлозија. Но, навреме беше извадена надвор и оладена. Причините дополнително ќе ги утврди крим техника“, изјави Звонко Томевски – командир на ПП Бригада.

Извор: ТВ21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e