Н.Р.(37) од кичевското село Бачишта, вчера утрината била донесена во Медицинскиот центар во Кичево.
Жената починала откако во нејзиниот дом, слегувајќи по надворешни бетонски скали без заштитна ограда, паднала на бетонска подлога од висина од околу 2,70 метри.
По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатата ќе биде извршена обдукција.