Традиционална Бадникарска прослава во Крива Паланка – Еве кој е среќникот годинава!

Традиционално и годинава Oпштина Крива Паланка организираше прослава на градскиот плоштад по повод големиот христијански празник Бадник.

49810373_354057328725343_2446995644812886016_n

Кум на овогодишната прослава бише министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, а најсреќен од присутните кај кои се падна лепчето со паричката е Коста Стојановски кој ќе биде кум на прославата идната година. На Стојановски според верувањата, паричката ќе му донесе здравје, берикет и благосостојба!

Прославувањето на Бадник и годинава беше одбележан во духот на христијанската традиција со славска посна трпеза, осветени лепчиња со паричка, делење на топла ракија и чај и бадникарски гранчиња.

Општина Крива Паланка заеднички, си годинава упати порака за заедничко и сплотено, со радост чествување на овој убав ден-Бадник, во пресрет на Христовото раѓање-Божиќ.

50313551_354057248725351_5082970817017413632_n

Поради зголеменото загадување на воздухот и негативните последиците по животната средина, и оваа година Општина Крива Паланка, се воздржи од палење на бадникарски оган на градскиот плоштад, и во исто време упатува апел и ги замолува сите наши сограѓани да го избегнат палењето на оган при организирање на маалските собири и прослави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e