„Тиквешки семејни винарии” со благодарност до досегашниот министер за земјоделство Димковски

Здружението „Тиквешки семејни винарии” вечерва на социјалните мрежи му се заблагодари на досегашниот министер за земјоделство Tрајан Димковки за одличната соработка воспоставена помеѓу Здружението и Министерството.

– Посебно сакаме да истакнеме дека бевме презадоволни од односот, комуникацијата со целиот негов кабинет. Визионерскиот поглед за развојот на малите семејни винарии, за кој се залагаше министерот, резултираше со регистрирање на десеттина мали семејни винарии за производители на вино. Исто така, сакаме да нагласиме дека и финансиската помош – грант од 10.000 евра за отварање на мала винарија, што беше договорено, ќе се реализира во најбрз можен рок, напишаа од Здружението.

Од Здружението се надеваат дека односот и комуникацијата и со новиот министер и неговиот кабинет ќе продолжи со исти релации како и досега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e