Вчера во 8:05 часот на регионалниот пат Мороишки мост-с.Мислодежда, поточно во с.Горно Татеши, струшко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од с.Мислодежда, струшко и патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(51) од Кичево.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.М.(46)од с.Ботун, сопатник од возилото „цитроен“ и бил пренесен во медицинскиот центар Струга за укажување лекарска помош.
Увид извршила екипа од Полициската станица Струга.