Возач на мотоцикл е тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера попладне во 17:15 часот на патот Битола-Ресен.
Во сообраќајката учествувале патничко возило „ауди-А3“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(20) од Битола и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(24) од Битола.
Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.