На улицата „Скупи“ во Скопје вчера во 12:00 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди А3“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.П.(39) од Скопје и мотоцикл „пијаџо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(41) од Скопје. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.