Светиниколчанец почина откако бил прегазен од виљушкар

Маж од Свети Николе бил прегазен од виљушкар, по што на пат кон болница починал.

„На 29.08.2020 во 09,00 часот било пријавено дека во с.Ерџелија-штипско, во хангар од работна машина-виљушкар управувана од С.А.(54) бил прегазен М.Г.(58) од Свети Николе, кој на пат за Медицинскиот центар Штип починал“ соопштува полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e