Судар меѓу „фиеста“ и мотоциклист, тешко повредено младо момче

15 минути по полноќ на крстосница од ул.„Бертранд Расел“ и ул.„Николај Островски“ во Скопје патничко моторно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.М.(21) од Скопје, удрило во мотоцикл „кивеј“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Б.(22) од Скопје.

По незгодата со возило на итна медицинска помош М.Б. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e