Стипендии за осум нови стипендисти од Крива Паланка

Врз основа на распишаниот  Конкурс за доделување на стипендии за талентирани ученици и студенти за учебната 2017/2018 година и согласно Правилникот за доделување на стипендии, денеска беа потпишани договорите со учениците добитници на стипендии и Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Стипендијата е во висина од 3.000,00 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци во годината. Осум нови талентирани ученици-средношколци и талентирани студенти кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Македонија се здобија со право на користење на истата.

Градоначалникот нагласи дека ова е само еден мал стимул и поттик за остварување на успеси и резултати во нивните животи понатаму.

– И никогаш не се разочарувајте ако успесите и резулататите не доаѓаат веднаш и во првиот момент, тие секогаш ќе дојдат тогаш кога ќе ви бидат најпотребни во животот.

– Горд сум на вас и ми претставува голема чест и задоволство што денеска ве имам вас како гости во мојот кабинет и сакам да знаете дека вие секогаш ќе ми бидете најдрагите, најпаметните и секако, најубавите гости. Секогаш ќе ја имате мојата поддршка и во секој момент  вратата од мојот кабинет ќе биде ширум отворена за вас, рече Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e