СДСМ Кр.Паланка: Пендаровски е вистински избор, одговорен кон својата држава и своите граѓани

Граѓаните заслужуваат вистински претседател, другар и пријател на сите нас, претседател со високо чувство на одговорност,државност и посветеност, порача градоначалникот на општина Крива Паланка Борјанчо Мицевски пред бројните граѓани во населба Осичка маала, на стартот на кампањата за претстојните претседателски избори кои ќе се одржат на 21 април 2019 година.

IMG_0803

-Ова е за прв пат да бројни политички партии од сите етнички заедници во земјава да се обединат и да ја дадат својата поддршка за заеднички кандидат за претседател на државата. Стево Пендаровски е вистинскиот избор, човек кој сигурно чекори напред, долги години во политиката, докажан, успешен и европски човек. Гледам дека вечерва ве има во голем број, со заеднички став дека Стево е вистинскиот избор, човек со визија и човек кој ќе покаже одговорност кон својата држава и својот народ, порача Мицевски пред жителите од населбата Осичка маала.

IMG_0774

Свое обраќање на вечерашниот собир имаше и претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска која рече дека бројното присуство на вечерашниот собир покажува дека, граѓаните го поддржуваат концептот и политиките на СДСМ за стабилна и просперитетна Македонија.

IMG_0814

– 21 април е денот кога сите вие поддршката која ни ја дававте досега да се преточи во најдобар избор, во недела да излеземе и да гласаме за иднина, стабилност и просперитет. Стево Пендаровски ќе биде човекот кој има свој став, човек со силен глас и принципи а не нечиј пион и нем поддржувач на агонијата, истакна Павловска.

IMG_0811

Претседателот на ОО на СДСМ Крива Паланка Игор Ѓорѓиевски порача дека Стево Пендаровски ќе биде вистински претседател кој ќе ги обединува граѓаните а не да создава нервоза и поделби како и досега, ќе ги остварува стратешките цели на државата, рамноправно за своите граѓани.

IMG_0772

-Победата на Пендаровски на изборите на 21април ќе биде уште една победа на нашиот заеднички пат кон напредокот и патот кон НАТО и ЕУ, рече Ѓорѓиевски.

IMG_0810

Тој ги повика граѓаните на масовно присуство на 14 април на Централниот митинг на кандидатот за претседател Стево Пендаровски кој ќе се одржи во Скопје како и најава за митингот кој ќе се одржи наредниот ден на 15 април со почеток во 18 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e