Активисти на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка јавно го критикуваат раководството на партијата и начинот на кој се однесува кон старото и вистинско членство.
-Заборавени сме од партијата и заменети со нови лица кои незнаат каде е штабот, пишува на Фејсбук, Добри Стојковски, активист на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка, уште од 90-тите години. На тоа се надоврзуваат други разочарани членови кои реагираат дека во врвот на партијата се наоѓаат профитерски фамилии, алчни за пари.