Сите граѓани,сите жители на Крива Паланка на денот на големата одлука 21 април, мора да покажат одговорност, затоа што ова е држава на сите нас, со единствен правец, иднина, напредок, просперитет, порача ОО на СДСМ Крива Паланка на вечерашната средба со жителите на населба Маневци.
Пред бројните жители на населбата градоначалникот на оптшина Крива Паланка Борјанчо Мицевски, истакна дека наша должност е сите да излеземе на денот на гласање, да го направиме вистинскиот избор и да гласаме за кандидатот на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски.
-Работиме на бројни проекти, решаваме битни прашања, инвестираме во патната инфраструктура, водоводната мрежа. Сите ние знаеме дека ова се многу важни избори за секој нас, правиме сигурни чекори за земјата кон успех не само на домашен план туку и надвор од неа. НАТО и ЕУ се за нас, денес Словачка и Полска кажаа ДА за нашата држава за влез во НАТО, светските сили веруваат во нас и нашите определби, тие во нас препознаа сигурен партнер за конечно нашата земја да тргне напред. Направивме чекор и конечно тргнавме напред, поминавме многу но има и уште многу да се сработи, затоа на 21 април сите обединети да ја решаваме иднината на нашата земја,порача градоначалникот Мицевски.
Претседателката на Советот на Општина Крва Паланка Изабела Павловска изрази задоволство од досегашниот тек на кампањата и расположението кај кривопаланчани за кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата, Стево Пендаровски.
-Благодарни сме за силната поддршка од граѓаните која ја добиваме при нашите посети кај нив,разговараме за проблемите но и добрите политики кои ги води премиерот Зоран Заев и неговиот тим. Сведоци сме на бројни проекти,новитети но и идеи кои се планирани да се реализираат во наредниот период. Нашата земја го заслужува вистинскиот избор а Стево Пендаровски е граѓански кандидат кој сите нас не обединува. Затоа на 21 април да заокружиме број 3 и заедно да одиме напред, посочи Павловска.
Претседателот на ОО на СДСМ Крива Паланка, Игор Ѓорѓиевски рече дека отворените перспективи кон ЕУ и НАТО, носат и силни економски бенефити за нашата држава и нејзините граѓани.
– Нашиот кандидат Стево Пендаровски, има визија за просперитетна држава која сите ние ја заслужуваме, тој е човекот кој ќе се залага за демократска, европска, просперитетна и модерна држава. Неговата победа е победа на сите граѓани со што уште еднаш ќе докажеме дека нашата земја е на вистинскиот пат, истакна Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски ги покани жителите на Маневци да присуствуваат на 14 април на Централниот митинг на кандидатот за претседател Стево Пендаровски кој ќе се одржи во Скопје а го најави и митингот кој ќе се одржи утредента на 15 април со почеток во 18 часот.