Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски одржа работен состанок со изведувачите на претстојните градежни активности, реконструкција на патна инфраструктура за пристапен пат до манастир Свети Јоаким Осоговски и изградба на потпорни стени на критични локации во градот.
Реконструкцијата и санација на патниот правец кон манастирот Свети Јоаким Осоговски е со средства обезбедени преку Агенција за финансиска подршка во земјоделството и рурален развој во виснина од 13,5 милиони денари.
На работниот состанок присуствуваше и Митрополитот кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, како соработник на Општината и партнер во проектот за реконструкција и санација на патниот правец кон манастирот Свети Јоаким Осоговски.