Среде криза општина Петровец набавила Ауди А8 за 1.650.000 денари

Општина Петровец со деловно седиште на улица „1, бб, во н.м. Петровец, Скопје, застапувана од градоначалникот Борче Митевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од една страна како нарачател на стоки и Друштвото за трговија и услуги „ПП СЕРВИС АУТО, ДООЕЛ, со деловно седиште на улица „1, број 22, с. Ржаничино, 1043 Петровец, застапувано од управителот Даниел Симоновски, од друга страна како добавувач на стоки склучиле купородажен договор за набавка на автомобил.

Возилото е патничко моторно возило AUDI А8 произведено 2010 год.

Вредноста на предметниот договор изнесува 1,650.000,00 денари без вклучен ДДВ.

Додека државата и надлежните институции вложуваат натчовечки напори за да се справат со кризата и за им помогнат на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ вложува пари во автомобили.

Претходно градоначалникот Митевски, неговиот брат и уште три други лица беа осомничени дека во период од 2012 до 2018 сториле повеќе кривични дела со кои го оштетиле општинскиот буџет и се стекнале со 31 845 470 денари.

Во прилог проследете го договорот склучен помеѓу Општина Петровец која е застапувана од градоначалникот Борче Митевски и ПП СЕРВИС АУТО, ДООЕЛ, како и сообраќајната дозвола од автомобилот.
111111 2 22 33 333

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e